Седум луѓе се повредени рано утринава во Берлин кога возач веројатно изгубил контрола врз возилото и влетал во група пешаци, соопштија властите. Инцидентот се случил околу 7 часот утринава на железничката станица пред Зоолошката градина на Харденбергплац.
Противпожарната служба на Берлин на Твитер соопшти дека тројца од пешаците се сериозно повредени и дека на помош дошол спасувачки хелукоптер. Еден од повредените бил реанимиран на лице место.
Возачот е приведен, а истрагата е во тек, но се чини дека несреќата била предизвикана од пребрзо возење. Засега нема индиции за политички или верски мотиви, соопшти полицијата.