Преговарачи од Украина, Русија и ОБСЕ денеска постигнаа договор за прекин на огнот во источна Украина кој би стапил во сила на 27 јули. Канцеларијата на украинскиот претседател соопшти дека прекинот на огнот е основен предуслов за спроведување на договорот од Минск и дека отвора пат и за другите обврски кои произлегуваат од тој договор.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски беше избран минатата година со ветувања дека ќе стави крај на конфликтот во источните региони Донецк и Луганск. Германија и Франција беа посредници меѓу Украина и Русија по потпишувањето на договорот во белорускиот главен град Минск во 2015 година.
Лидерите на четирите земји се состанаа во Париз во декември 2019 година да го оживеат мировниот процес што доведе до тоа Киев и сепаратистите поддржани од Москва во северна Украина да извршат неколку размени на затвореници.