Дебарскиот градоначалник Хекуран Дука по денешните регистрирани 18 новозаболени во таа оптшина изјави дека во втората фаза од пандемијата во Дебар состојбата е многу влошена.
Дука за Радио Слободна Европа вели дека општинскиот штаб и сите здравствени институции оценуваат дека непочитувањето на мерките за спречување на ширењето на вирусот ја зголеми бројката на болни за само за само две недели за сто лица.
,,Ние како штаб постојано апелираме до населението како и до сопствениците на угостителските објекти да се почитуваат мерките и протоколите, но сепак олеснувањето на мерките и нивното непочитување го стори своето и бројката непречено расте“, нагласи Дука .
Во Дебар и регионот од почетокот на пандемијата на 26 февруари беа регистрирани првите болни од коронавирус во земјава и досега бројката на болни е 178 , од кои активни се 110 . Потешките случаи, околу десетина се на лекување во клиниките во Скопје додека другите се во домашна изолација и се лекуваат во Дебар . Во општата болница велат дека билноте лица од ковид-19 , добиваат потребна терапија, а потоа заминуваат во своите домови.
Нови 164 заболени од ковид-19, пет лица починаа
Инаку дека мерките не се почитуваат говори и фактот дека низ градот често можат да се видат и лица кои се болни од коронависус како и лица кои се во изолација . Бројот на оние кои не носат маски и исто така голем, но многу е мал бројот на оние кои се казнуваат. СВР Охрид соопшти дека во последните 24 часа нема ниту еден казнет во Дебар за неносење на лична заштита на лицето .