До архивата на Државната изборна комисија до попладнево има доставено само два приговори и едно барање за увид во неважечките ливчиња од гласањето за предвремените парлаемнтарни избори во средата. До Комисијата два приговори поднела партијата Демократи кои се однесуваат за неважечките гласачки ливчиња. Пред ДИК да ги објави неофицијалните конечни резултати, партијата на Јанко Бачев, Единствена Македонија, доставила барање за увид во неважечки ливчиња.
Рокот за приговори тече, партиите на потег
Бројот на неважечки ливчиња од тридневното гласање на парламентарните избори изнесува 31.466. До 21 часот вечер е рокот кога може да се поднесе приговор за постапката за гласање додека до сабота навечер околу 19 часот и 30 минути истекува рокот за сумирање и утврдување на резултатите од предвремените парламентарни избори.
ДИК со задоцнување вчера ги објави неофицијалните конечни резултати од изборите поради, како што изјави претседателот, хакерски напад на веб-страната на Комисијата.