Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска оцени дека заштитата на здравјето на граѓаните во текот на изборниот процес била на највисоко ниво. Тој на својот фејсбук профил им се заблагодарува на сите гласачи за свесноста и почитувањето на мерките за заштита од коронавирусот при гласањето.
Флипче им се заблагодари и на сите медицински работници, членови на избирачките одбори, Комисијата за заразни болести и сите вклучени во организацијата на парламентарните избори во текот на трите дена на гласање за доследно спроведување на протоколите.
Резултатите прелиминарни, нов парламент за 20 дена
„Тоа е начинот на којшто ќе продолжиме да живееме безбедно – со носење маска, дезинфекција, почитување дистанца и почитување на протоколите“, напиша Филипче.