Во скопска полициска станица синоќа било пријавено дека додека во градинката се вршело пребројување на гласачки материјал, се слушнало пукање, а куршумот завршил во гласачкото место бр.2687, каде биле присутни претседателот и седум членови на Изборната комисија.
Од МВР велат дека нема повредени, а оштетен е само ѕидот и дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. Истата вечер пукање од пукање од огнено оружје било пријавено и во полициската станица во Центар во Скопје. Татко седел со својот малолетен син во својот дом, кога куршум го прибил покривот и паднал на паркетот до нив.
Третиот случај за кој известуваат од МВР се случил во Сарај, каде што сопственик на возило „фолксваген пасат“, пријавил дека му било оштетено задното ветробранско стакло од проектил од огнено оружје.