Во Секторот за внатрешни работи Тетово е пријавен инцидент помеѓу двајца полициски службеници, по што е започната истрага од страна на службата за внатрешна контрола при Министерството за внатрешни работи. Двајцата полициски службеници учествувале во инцидентот кој се случил на крстосниците на улиците 120 и Борис Кидрич. За случајот е информиран и Одделот за внатрешна контрола, полициски истраги и професионални стандарди, соопштија од СВР Тетово.
Претходно, портпаролот на Министерството за внатрешни работи Тони Ангеловски за МИА потврди дека е пријавен инцидент што се случил попладнето и оти постапува одделот за внатрешна контрола при МВР, но не соопшти информации за учесниците во инцидентот.
Дел медиуми претходно јавија дека советник на министерот Наќе Чулев нападнал началник на Единицата за безбедност на сообраќај во Тетово, Во Министерството за внатрешни работи е пријавен инцидент што се случил попладнето во Тетово и по него постапува внатрешната контрола на МВР, изјави портпаролот на МВР Тони Ангеловски, без да прецизира детали за учесниците во инцидентот.