Стотина луѓе и денеска се собраа пред Централниот затвор во Белград, каде што бараат пуштање од притвор на граѓаните уапсени поради учество на демонстрациите во изминатите денови.
Меѓу собраните се и активисти на иницијативата „Да не го давиме Белград“ и „Здружената акција Кров над глава“.
Граѓаните носат транспаренти „Апсете крадци, а не борци“, „Смрт на фашизмот, слобода на народот“ и скандираат „Полицајци, вие сте криминалци“.
На протестите во Србија повредени 118 полицајци, приведени 153 лица
Илјадници луѓе во изминатите денови протестираа во центарот на Белград против најавите на претседателот Александар Вучиќ за повторно воведување полициски час заради спречување на ширењето на коронавирусот. По протестите власта се откажа од таквите планови и покрај зголемувањето на бројот на заболени.
Стотици луѓе беа уапсени на насилните протести.