Формирани се избирачките одбори со лекари за одвивање на изборниот процес кај болните од Ковид-19 и лицата во самоизолација, тие се снабдени со соодветна заштитна опрема, гласањето се спроведува и досега нема информации за какви било проблеми, изјави денеска во Свети Николе министерот за здравство Венко Филипче.
Гласаат позитивните на ковид-19 и луѓе во изолација
На ниво на цела држава денеска право на глас имаат 706 лица болни од Ковид-19 и во самоизолација, додека утре предвидено е да гласаат болните и немоќните чиј број изнесува 8.852, лицата во 13 Казнено-поправни установи и тоа 1.657 и шест внатрешнораселени лица. Во 17 старски домови правото на глас ќе можат да го остварат 357 гласачи.