Министерството за здравство денеска соопшти дека во последните 24 часа во земјава се регистрирани три смртни случаи, 88 новозаразени со коронавирус и 123 оздравени лица.
„Во последните 24 часа се направени 973 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-30, Куманово-8, Дебар-1, Штип-13, Прилеп-5, Тетово-3, Струга-11, Велес-1, Битола-1, Охрид-2, Кавадарци-1, Гостивар-1, Пробиштип-1, Кратово-1, Свети Николе-1, Кичево-8. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 123 оздравени лица од: Скопје-70, Штип-6, Прилеп-4, Тетово-31, Велес-3, Кочани-2, Пробиштип-1, Кичево -1, Ресен-4, Неготино-1. Починати се три лица, двајца пациенти од Скопје и еден од Штип. Во ГОБ „8 септември“ починати се пациенти на возраст од 43 и 72 години. Во КБ Штип е почината пациентка на 76 годишна возраст“, соопшти МЗ.
КОВИД-19: Можни нови мерки за физичка дистанца
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8.197, бројката на оздравени пациенти е 4.326, на починати е 385, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.486.