Кршење на изборниот молк и пропагандни активности, како и случај на говор на омраза и лажни вести бележат набљудувачите на здружението Цивил кои ги мониторираат изборите. Во соопштението на Цивил се наведува дека политичките партии преку некои содржини на социјалните мрежи вешто ги заобиколуваат правилата за изборен молк и формално можеби не го кршат Изборниот законик, но може да се протолкуваат и како пропагандна активност.
„Говор на омраза и лажни вести се бележат и на Фејсбук страницата на едно медиумски експонирано лице, блиско до одредена политичка партија. Во периодот на изборниот молк, еден час по полноќ, се бележи и една објава со говор на омразата кон ЦИВИЛ и кон претставници на организацијата врз етничка и политичка основа. Во објавата на Фејсбук страницата веќе подолго време позната како извор на лажни вести и говор на омраза, имаше и голем број сериозни закани до организацијата и до животот на луѓето поврзани со неа. Објавата беше симната откако беше онлајн околу 10 или 11 часа, односно, при проверката во 10 часот утринава, таа објава веќе ја немаше“, велат од Цивил.
Гласаат позитивните на ковид-19 и луѓе во изолација
Цивил со 315 набљудувачи ги следи изборите.