Комисија за борба против расизмот во Советот на Европа денеска предупреди на расно профилирање во полицијата што пак како што соопшти може да доведе до „институционализиран расизам“ и затоа мора да биде „експлицитно забрането со закон“.
„Расилното профилирање е специфична форма на расната дискриминација и мора да биде експлицитно забрането со закон“, соопшти Комисијата на СЕ, укажувајќи на „чувството на понижување и неправда“ што го искусиле лицата погодени од таквата практика.
Според Европскиот суд за човекови права, кој го следи почитувањето на основните права во 47-те земји членки на Советот на Европа, расното профилирање може да доведе до „институционализација на расизмот“, се наведува во соопштението.
Затоа, Комисијата за борба против расизмот ги повикува државите членки „да преземат мерки во оваа област, од промена на процедурите за вработување кои обезбедуваат составот на полицијата да ја одразува различноста на населението, до создавање на целосно независни тела надлежни за истражување на наводите за злоупотреба на полицијата“.
Европскиот парламент ја усвои резолуцијата „Black lives matter “
Институцијата се надева дека тековната расправа за полициското насилство и расизмот, започната по смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд кога беше убиен од бел полицаец во Соединетите Држави, им дава можност на државите да испратат јасна порака за нулта толеранција и „подигање на свеста за историската димензија на расизмот и нееднаквоста, особено колонијализмот и ропството “.