Од изутринава во 6 часот наутро до 15 јули 2020 година, во Грција ќе биде забранет влез за српски државјани со одлука на грчката Влада, врз основа на анализата на епидемиолошките податоци.
Алтернативната портпаролка на грчката Влада, Аристотелиа Пелони, вчера соопшти дека официјална Атина во соработка со експертите ја следи епидемиолошката ситуација во ЕУ и останатите земји во светот и има право да направи измени во политиката.
Таа додаде дека Владата во соработка со надлежните служби, континуирано ги оценува и анализира податоците, „отворањето за странските посетители да биде без отстапки во јавното здравје“.