Европската комисија даде условна дозвола за ставање во промет на лекот ремдесивир, кој стана првиот лек за лекување на Ковид-19 со дозвола на ниво на Европската Унија. Официјален Брисел соопшти дека одобрувањето за ремдесивир е издадено по забрзана постапка по препораката на Европската агенција за лекови, која исто така беше усвоена од земјите членки на ЕУ.
Што е ремдесивир и зошто сите го сакаат?
Издавањето на одобрението траело само една недела од препораката на Европската агенција за лекови, во споредба со вообичаените 67 дена колку што на Европската комисија обично и се потребни за да одобри некој производ. Комесарот за здравство, Стела Киријакидес изјави дека ова е значаен чекор во борбата против вирусот.
Комисијата наведува дека на „ремдесивир“ сега му е дозволен условен промет, што е еден од механизмите на ЕУ направени за да се обезбеди ран пристап до лекови потребни за одговор на итни случаи како што е тековната пандемија.