Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа, регистрирани се 165 нови случаи на ковид 19. Изминатото деноноќие направени се 1454 тестирања, а од заразените најголем број се во Скопје-71, Куманово-15, Дебар-1, Штип-10, Прилеп-5, Тетово-20, Струга-3, Велес-1, Битола-3, Охрид-10, Гостивар-14, Пробиштип -4, Македонски Брод-1, Кичево-2, Ресен-5.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 128 оздравени пациенти. Починати се 7 лица, двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово, еден пациент од Струга, еден од Кочани и еден пациент од Неготино.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6787, бројката на оздравени пациенти е 2876, на починати е 328, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3583.
МЗ: Од денеска тестови за брза дијагностика на Ковид-19