Светската здравствена организација (СЗО) очекува во следните две недели да ги добијат првите резултати од клиничките испитувања на лекови кои можат да бидат ефикасни во лекувањето на ковид-19, изјави генералниот секретар на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејезус.
Шефот на СЗО за вонредни ситуации, Мајкл Рајан, предупреди дека не би било мудро да се предвидува кога вакцината против ковид-19 ќе биде подготвена за масовна дистрибуција.
Тој истакна дека многу поважно е прашањето кога ќе биде можно да се започне со масовно производство на лекот за ковид-19.
Агенцијата за лекови на ЕУ го препорача ремдесивир за коронавирусот
САД одобрија лек за лекување на пациенти со КОВИД-19