Одлуката на српскиот претседател Александар Вучиќ од денеска да ги затвори сите студентски домови во Белград и да ги исели студентите поради порастот на бројот на заразени со коронавирус во главниот град, предизвика незадоволство меѓу студентската популација која синоќа почна спонтано да се собира на улиците.
Најголемиот собир бил во Студентскиот град, но и во студентскиот дом „4 Април“, каде незадоволните студенти излегле и блокирале една од улиците.
„Полицијата дојде и си замина. Атмосферата е одлична. Ништо не е готово и ние нема да заминеме се додека не се реши ситуацијата. Нема лидер на протестите“, истакна еден од студентите.
Меѓу младите биле забележани пароли „Правда за студентите“. Некои од студентите ги повикувале станарите од околните згради да им се придружат.