Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески изјави дека Јавното обвинителство е подготвено и со целосна посветеност и залагање ќе пристапи кон примената на одредбите од новиот Закон за јавно обвинителство што денеска стапи на сила. Тој, во интервју за МИА, вели дека законските решенија содржат добра основа за современо јавно обвинителство, како надлежен орган за гонење на сторителите на кривични дела.
Во врска со предметите на Специјалното јавно обвинителство, Јовески вели дека Јавното обвинителство ги презема за да продолжат постапките и сторителите на кривични дела да ја добијат заслужената казна.
Пукаат „бомби“, никој не прашува од каде се
„Обвинителството нема да ја повтори грешката, кога заради непостапување по конкретните случаи се формира СЈО. Поради тоа, ве уверувам дека овие предмети ќе добијат завршница“, вели Јовески во интервјуто за МИА.