Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека е подготвен да преговара со Палестинците за воспоставување мир, пренесе АП.
„Израел е подготвен за преговори, јас сум подготвен за преговори и верувам дека многу арапски земји се надеваат дека ќе влеземе во такви преговори со Палестинците“, рече Нетанјаху во снимената видео порака, емитирана утрово на виртуелен самит организиран од групата „Христијани обединети за Израел“.
Помпео: Одлуката за анексија на Западниот Брег зависи од Израелците
Говорејќи за намерата да се воспостави суверенитет на Израел над делови од Западниот Брег, Нетанјаху оцени дека тоаа „нема да ги намали шансите за мир, туку ќе придонесе за мир“.