Институтот за трансфузиона медицина информира дека се обезбедени 31 единица конвалесцентна плазма за третман на 31 пациент со Ковид-19.
„Овој здравствен предизвик не сплоти и соедини сите нас, за да го победиме вирусот. Министерството за здравство следејќи ги најновите достигнувања на третман на пациенти со Ковид-19, даде согласност за да се воведе протоколот за дарување на конвалесцентна плазма и секојдневно ја поддржува кампањата за дарување на плазма“, изјави директорот на Институтот, Седула Усеини.
Дарител може да биде секое лице излечено од коронавирус кое ги исполнува условите за дарување плазма наведени во протоколот. Плазмата која е дарувана е течниот дел на крвта кој брзо се надокнадува. Конвалесцентната плазма содржи антитела против вирусот создадени од човечкиот организам за сузбивање на болеста.