Претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељко Комшиќ е во самоизолација поради контакт со лице заразено со корона вирус, потврдија за Радио Слободна Европа од Кабинетот на Комшиќ.
Оттаму информираат дека Комшиќ треба да биде тестиран за присуство на корона вирус во текот на утрешниот ден.
На 19 јуни Комшиќ го посети малиото градче Живиница во североисточна БиХ при што присуствуваше на состаноците на кои бил претседателот на градскиот совет на Живиница Наил Јусиќ, за кој подоцна беше утврдено дека е заразен со корона вирус.
Комшиќ веќе беше во 14 дневна изолација во март, откако се врати од службено патување од Канада.
Хрватска враќа патници од Србија и БиХ
Во меѓувреме расте бројот на заразени во БИХ. Во последните 24 часа потврдени се 93 нови случаи на ковид-19.Во Република Српска (РС), вирусот е потврден кај 60 лица од 376 тестирани примероци објави денеска Институтот за јавно здравје на РС.