Детската болница Козле ќе прима пациенти со КОВИД-19
На располагање се 60 места за болничко лекување на возрасни и 15 за деца сомнителни и заразени од вирусот. Предвидено е во оваа болница да се носат пациенти со полесна и средна клиничка слика. Болницата се доекипира со интернистички и инфектолошки тимови, лекари и сестри, кои ќе дојдат и од Инфективна клиника и од внатрешноста.
Во моментот во болницата се сместени три дечиња сомнителни на вирусот, чии резултати од тестови се чекаат, соопшти Министерството за здравство.
Покрај на Инфективната клиника, болницата „8 Септември“ која функционира како КОВИД-центар, сомнителни и заболени пациенти со коронавирус се лекуваат и во болниците во Куманово, Тетово, Штип, Велес, Прилеп, Битола, Охрид, а се подготвува и КОВИД-центар во Кавадарци.