Тројца убиени во напад во Лондон, полицијата не се сомнева на тероризам
„Нема податоци што укажуваат на постоење на натамошна опасност за јавноста, но ги повикуваме граѓаните да останат будни и да пријават во полицијата доколку видат нешто сомнително“, изјавиглавниот истражител Јан Хантер.
Тој исто така нагласи дека нападот во моментот не се третира како терористички акт, но полицијата не исклучува ништо во врска со мотивацијата за злосторството и работи со поддршка на полициските службеници од антитерористичката единица.
Сведоци раскажуваат дека напаѓачот одеднаш пошол кон групата од околу осум до десет лица и почнал да ги прободува. Тој се обидел да нападне и други лица, но сите почнале да бегаат од местото на инцидентот, па и напаѓачот избегал од паркот.