СДСМ го осуди фрлањето експлозив во семејната пекара на Мисајловски
„Најповикан во овој случај е Наќе Чулев, министерот за внатрешни работи, којшто ние имаме можност како граѓани да видиме за што навистина и како го злоупотребува Министерството за внатрешни работи. Секако, имавме можност да видиме како снима видео спот за партиски цели, наместо да се грижи и да се занимава со она што значи обврска како министер за внатрешни работи“, рече портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов на денешната прес-конференција во Струмица.
Фрлена експлозивна направа во семејната продавница на Мисајловски
Тој реагираше на обвинувањата на лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски, кој претходно го обвини СДСМ за настанот.
„Уште еднаш ќе кажам дека станува збор за лажни вести и го повикувам Мицкоски да каже од каде му е таквата информација, дополнително затоа што сме сигурни во тоа што го кажуваме. Го повикуваме МВР да го истражи случајот и да ја потврди лажната вест на Христијан Мицкоски“, дополни Костадинов.
Претходно Мицкоски на својот фејсбук профил напиша дека не се работи за „случаен“ пожар каков што му се случил на Мисајловски пред неколку години, туку за јасна намера и дека одговорноста за ова е на власта на СДСМ, каде според него треба да се бараат нарачателите и инспираторите на настанот.