Демонстрантите во Вашингтон го собориле споменикот на генералот на Конфедерарацијата Алберт Пајк, единствениот од ваков вид во американската престолнина, јавуваат медиумите. Демонстрантите споменикот го урнале со јажиња, извикувајќи го слоганот „Црните животи се важни “.
Претседателот на САД, Доналд Трамп го осуди настанот како „срам за Соединетите Држави“ и повика на апсење на сторителите, додека истовремено ја обвини полицијата во главниот град дека „не си ја вршела својата работа додека споменикот бил срушен и запален“.
Демонстрантите собориле уште неколку споменици поврзани со расизмот и ропството за време на анти-расистичките митинзи низ Соединетите Држави, на денот на кој се одбележува крајот на ропството во земјата, јавуваат медиумите. Вакви демонстрации се одржаа и во Атланта, Чикаго, Лос Анџелес, Њујорк и Вашингтон.
Европскиот парламент ја усвои резолуцијата „Black lives matter “
Овој ден познат како„Juneteenth“ се одбележува во знак на сеќавање на 19 јуни 1865 година, кога генералот на Унијата пристигна во Галвестон, Тексас и им соопштина робовите дека се слободни, два месеци по завршувањето на Граѓанската војна и две и пол години откако претседателот Абрахам Линколн ја објави Прокламацијата за еманципација.