Во општина Центар Жупа, каде што беа регистрирани првите два случаи на болни од коронавирус на 26 февруари, по повеќе од 100 дена е регистриран нов случај на заразен.
Раководителот на Заводот за јавно здравје- единица во Дебар, Ментор Мела за РСЕ изјави дека станува збор за жена од селото Голем Папрадник. Според него, таа е на лекување во Клиниката за инфективни болести во Скопје, а во изолација се четири лица.
Првиот човек на општинскиот кризниот штаб во Центар, Жупа Фехми Скендер за РСЕ вели дека по евидентирањето на најновиот случај позитивен од Ковид- 19, е извршана дезинфекција на повеќе улици во селото а контролата од полицијата е редовна на лицата кои се во изолација .
„Вирусот е и понатаму присутен во општината и покрај тоа што првите две лица болни од Корионавирус беа пред повеке од три и пол месеци. Токму заради тоа се превземени сите потребни мерки и се бара од населението да ги почитува мерките на владата“, вели тој.
Во единицата на Заводот за јавно здравје во Дебар велат дека состојбата е загрижувачка со најновите 11 случаи на болни во општината, бидејки не се почитува носењето на маски и потребната дистанца.
Во Општината Маврово- Ростуше каде до скора немаше појава на вирусот за само десет дена се регистрирани 4 случаи позитивни на Ковид- 19.
Филипче: Вториот бран дојде порано од очекуваното
Во последните 24 часа регистрирани се 193 нови случаи на Ковид- 19. Додека пак 46 пациенти оздравеле, а починале 9 лица, пет од Скопје, двајца пациенти од Куманово, по еден пациент од Тетово и од Охрид.