Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека САД не донеле конечна одлука за тоа кога и како ќе го повлечат илјадниците американски војници од Германија, потег што претходно го најави претседателот Доналд Трамп.
„САД беа јасни кога ни кажа дека не е донесена кончена одлука за тоа кога и како“ изјави Столтенберг пред новинарите во Брисел во пресрет на видео средбата со министрите за одбрана на земјите членки на НАТО.
Трамп вчера најави дека САД ќе го намали бројот на воени трупи распоредени во Германија од 34 500 на 25 илјади војници, што предизвика загриженост од некои американски пратеници и сојузници на НАТО. Тој ја обвини Белата Куќа дека не ги исполнила обврските за трошење во одбраната на НАТО и истакна дека присуството на американски трупи во земјата е премногу скапо.
Столтенберг истакна дека тој разговарал со Трамп минатата недела за овој потег, откако во дел од медиумите беше објавена оваа информација и додаде дека е во контакт и со Германија.
„Мојата порака беше дека присуството на САД е добро и за Европа, но не само за заштита на Европа, туку и за заштита на американската моќ надвор од границите на Европа“ истакна Столтенберг.
Германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас денеска при посетата на Полска, посочи дека се уште не добиле детали за плановите на Трамп ниту од Пентагон, ниту од Стејт Департментот.
„Присуството на САД во Германија е важно за безбедноста не само на Германија, туку и за безбедноста на САД и особено на Европа“ рече тој.
Американските трупи се стационирани во Германија од крајот на Втората светска војна, достигнувајќи го врвот со број на војници за време на Студената војна. Но, воскреснувањето на воените амбиции на Русија под водство на Владимир Путин, му даде ново значење на присуството на САД.