Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис вели дека не го интересира Грција да биде број еден дестинација во Европа, туку да биде најбезбедна дестинација во Европа. Тој ова го порача на прес-конференција на островот Санторини во пресрет на утрешниот официјален и постепен почеток на туристичката сезона во Грција.
Мицотакис објасни дека постојат строги протоколи за хотелите, постојат конкретни правила и мерки за туристите да можат да уживаат во Грција, но ќе мора да избегнуваат собирања и гужви, како на пример во баровите на плажите, објаснувајќи дека земјата е подготвена за сите сценарија, во случај да се појави ковид-19 кај некој од посетителите, но потенцираше дека нема да биде потребно во Грција да се воведе целосна карантин и целосна забрана за движење.
Грција на 1 јули ќе го отвори граничниот премин Евзони
Тој повтори дека од 1 јули земјата ќе биде отворен за сите посетители, без дополнителни рестрикции и само со тестови по случаен избор.