Европскиот комесар за надворешни работи Џозеп Борел изјави дека е „многу загрижен“ од одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да одобри економски санкции против сите официјални претставници на Меѓународниот кривичен суд вклучени во истрагите за активностите на американските сили. Тој рече дека ЕУ ќе ги разгледа сите импликации од таа одлука и дека за тоа ќе се дискутира на состанокот на Советот на министри за надворешни работи на ЕУ што ќе се одржи на 15 јуни.
Трамп одобри санкции против претставници на Меѓународниот кривичен суд
Борел рече дека ЕУ силно го поддржува Меѓународниот кривичен суд со седиште во Хаг, бидејќи има клучна улога во воспоставувањето на меѓународната правда. „И покрај бројните повици од Соединетите држави и нашите сојузници за реформи, Меѓународниот кривичен суд не направи ништо и продолжува да спроведува политички мотивирани истраги против нас, или нашите сојузници, вклучително и Израел“, се вели во соопштението од кабинетот на американскиот претседател.