Руското министерство за надворешни работи денеска ги поздрави плановите на американскиот претседател Доналд Трамп да повлече повеќе од една четвртина од американските војници во Германија, наведувајќи дека тоа ќе придонесе за зајакнување на безбедноста во Европа. Според извештаите на медиумите, Трамп одобрил бројот на американски војници стационирани во Германија да се намали од 34.500 на не повеќе од 25 илјади.
Столтенберг за најавеното повлекување на војниците на САД од Германија
„Ќе го поздравиме секој чекор на Вашингтон кон смалување на своето воено присуство во Европа. Таквите чекори, без сомнение, ќе придонесат да смалување на можноста за судири и ќе ја ублажат воената и политичката напнатост во Евроатлантскиот регион“, изјави портпаролката на Министерството Марија Захарова.
Таа вели дека големото американско присуство во Германија, е остаток од „студената војна“ и ги повика САД од Германија да го повлечат и своето тактичко нуклеарно оружје.
Загриженост во Германија по најавите за повлекување на дел од американските војници
Германската влада во средата потврди дека САД размислуваат за намалување на бројот на своите војници во Германија, но нагласи дека сè уште нема одлука за тоа. Германската министерка за одбрана Анегрет Крамп Каренбауер оваа недела предупреди дека намалувањето на американските трупи повеќе би му штетело на НАТО, отколку на германската одбрана.
Захарова ги предупреди САД трупите кои ќе ги повлече од Германија да не ги прераспределува во Полска, оти на тој начин ќе ја влоши ситуацијата и оти тоа ќе ги намали шансите за дијалог меѓу Русија и НАТО.