Американски борбени авиони пресретнале руски авиони и бомбардери двапати на 10 јуни на брегот на Алјаска, соопшти американската команда за воздушна одбрана. Два руски бомбардера Ту-95, два руски борбени авиона Су-35 и авион за рано предупредување А-50 дошле на 32 километри од брегот на Алјаска. Тоа бил првиот инцидент, додека во вториот имало два авиона Ту-95 и А-50 која исто така биле на 32 километри од Алјаска.
Столтенберг бара единство на НАТО наспроти предизвиците од Русија и Кина
Ниту еден од авионите не влегол во американскиот воздушен простор, соопшти командата. Командантот Теренс О’Шунси, изјави дека пресретнувањето на повеќе руски авиони ја покажува подготвеноста на американските силите и „испраќа јасна порака дека продолжуваме да ги извршуваме мисиите за одбрана на татковината со истата можност и капацитет што секогаш ја носиме во борба“. САД пресретнаа повеќе руски авиони надвор од брегот на Алјаска од 2019 година.