Министерството за внатрешни работи соопшти дека во изминатото деноноќие регистрирани се 1.143 прекршоци за граѓани кои не ја почитувале мерката за носење маски.
Бројот на новодијагностицирани со Ковид-19 опаѓа
„На територијата на Република Северна Македонија на 905 лица им се издадени решенија за изолација, а 120 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација“, соопшти МВР.