Десетици опозициски активисти се приведени од полицијата во Казахстан, каде што две опозициски партии планираа денеска да одржат митинзи во неколку градови и да побараат демократски реформи во земјата. Десетици луѓе биле приведени во најголемиот град Алмати, и уште најмалку тројца во другите градови.
Апсењата се случуваат и покрај стапувањето во сила на полиберален закон за демонстрации. Организациите за човекови права го критикуваат претседателот Касим-Зомарт Токаев дека не го подобрил почитувањето на човековите права, по повлекувањето на доскорешниот претседател Нурсултан Назарбаев кој се повлече по 30 години на власт. Богатиот со нафта Казахстан, со околу 19 милиони жители, силно е погоден од падот на цените на суровата нафта предизвикан од пандемијата на коронавирусот.
Полицијата во Алмати опколи неколку плоштади во центарот на градот каде што се собраа околу 100 опозициски активисти.
Властите велат дека демонстрантите ги кршат правилата за дистанцирање зарази заштита од коронавирусот.