Во последните осум месеци во конфликтите во ДР Конго се убиени околу 1.300 цивили, соопшти денеска ОН, предупредувајќи дека некои инциденти можат да претставуваат и „злосторства против човештвото“.
„Се ужаснувам од зголемувањето на бруталните напади против невините цивили од вооружените групи и од реакцијата на војската и силите за безбедност, кои, исто така, извршили тешки злосторства, вклучувајќи и убиства и сексуално насилство“, изјави шефицата на ОН за правата на човекот, Мишел Бачелет.