Хрватскиот европратеник Тонино Пицула е назначен за постојан известувач на ЕП за односите со Соединетите држави, пренесе МИА. Пицула, од оваа должност, во името на Европскиот парламент ќе ги покрие сите теми поврзани со односите ЕУ-САД, а ќе биде претставен од Комитетот за надворешни работи на ЕП (АФЕТ) и неговата парламентарна група на Социјалисти и демократи
Меѓу приоритетните теми со кои ќе се занимава Пицула ќе бидат еднаквоста на граѓаните на сите земји членки на ЕУ во односите со Соединетите држави, како и укинувањето на двојното оданочување, соопшти неговиот кабинет. Пицула изјави дека со ова назначување му е искажана голема доверба бидејќи односите со САД се една од најважните европски теми во овој мандат на ЕП.