ДПА смета дека треба да има избори на 5 јули, поради, како што изјави партискиот лидер Мендух Тачи, нефункционалноста на Владата.
„Откако ќе се укине вонредната состојба за 22 дена стварно ни требаат избори. Поготово нам Албанците затоа што имаме една партија, етаблирана 99 посто на власт, тоа е ДУИ чии претставници воопшто не се заинтересирани и не фунцкионираат институционално, почнувајќи од траги-комичната слика на Бујар Османи кој претпладне едно збори, навечер си се деманатира“, рече Тачи.
Заев: Завршена работа, избори на 5 јули
За избори на 5 јули претходно се изјасни и лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Тој рече дека датумот за изборите за нив е завршена работа.