Косовскиот претседател Хашим Тачи оцени дека одлуката на Владата на Косово за дополнителни мерки на реципроцитет во трговијата со Србија е продолжение на „патриотските измами“ од страна на в.д. премиерот Албин Курти со донесување стратешки погрешни решенија. "Косово се здоби со слобода и државност со поддршка од Соединетите држави и европските партнери и само со таа поддршка и партнерство иднината ќе биде безбедна. Секое кршење на овие односи е закана за државата и закана за иднината на Косово", напиша Тачи на Фејсбук.
Курти: одлуката на Уставниот суд е неприфатлива
Тачи оцени дека Курти пред да ја напушти функцијата премиер, продолжил да презема чекори спротивно на барањата и очекувањата на Соединетите држави и ЕУ, загрозувајќи го „сето она што е постигнато и изградено во повеќе од две децении“. Косовската влада во саботата навечер одржа седница на која донесе одлука за промена и дополнување на одлуката за „постепена примена на реципроцитет“, како принцип во односите со Србија.