Авганистанскиот претседател Ашраф Гани денеска изјави дека ќе вложи напори да се забрза ослободувањето на талибанските затвореници откако го поздрави потегот на Талибанците за тридневен прекин на огнот во време на одбележување на најголемиот муслимаски празник Рамазан Бајрам.
„ Како одговорна влада ние ќе отидеме чекор понатаму и ќе препорачам да се забрза ослободување на талибанските затвореници“, рече Гани во своето обраќање кон нацијата по повод празникот. Тој ги повика Талибанците да продолжат со ослободувањето на авганистанцките војници кои ги држат како заложници. Во февруари САД и Талибанците потпишаа договор чија цел беше да се стави крај на најдолгата воена акција на САД во историјата.
Договорот предвидува распоред за американските трупи за повлекување од Авганистан во замена за безбедносни обврски од Талибанците. Исто така се предвидува и Кабул да ослободи 5 илјади талибански затвореници – додека Талибанците околу илјада заложници.