Вооружена престрелка доцна попладнево се случила во скопската населба Бутел. Според информаците од МВР нема повредени, но вооружени напаѓачи испукале голема количина на куршумиод автоматско оружје од кола во движење кон лице што стоело на паркингот за автомобили во близина на булеварот „ Христијан Тодоровски Карпош“.
Лицето кон кое е пукано во полиција пријавило дека препознал еден од напаѓачите. Тој во полицијата пријавил дека од две возила во движење било пукано од автоматски оружја кон него. Од полицијата велат дека никој не е повредено во престрелката и дека се работи на расчистување на случајот.