Спасувачките екипи се обидуваат да ги најдат преживеаните и телата на загинатите по денешниот пад на патничкиот авион во кој имаше 98 патници и членови на екипажот, а кој се урна во населено место во близина на пакистанскиот главен град Карачи.
Како што јавува германската агенција ДПА досега се пронајдени најмалку двајца преживеани и 34 тела под урнатините на авионот Ербас А320. Во најмалку две болници, пак, се примаат повредените, повеќето од нив жители на околните куќи.
Авион со 107 патници се урна во Пакистан
Војската и цивилната заштита, како што се јавува, користи тешка машинерија за да ги расчисти остатоците од паднатиот авион и од урнатите околни куќи. Авионот на пакистанскиот национален авиопревозник ПИА денеска се урна пред слетување, во последната минута од летот.