До септември оваа година Министерството за животна средина треба да организира јавна дебата за предлогот Шар Планина да биде прогласена за национален парк, откако Владата ја прифати ваквата иницијатива. За прогласувањето на Шара се чека повеќе од две децении, но доколку тоа се случи таа ќе биде еден од најголемите национални паркови во Европа.