Албанскиот претседател Илир Мета повика на пристапување кон граѓанските движења, што се формираат низ целата земја за да се создаде обединет фронт за возобновување на демократијата преку слободни и фер избори, јави МИА од Тирана.
Преку објава на Фејсбук, Мета го повикува народот да застане во одбрана на демократијата и „да ја урне тиранијата“.
„Мај е посебен месец за одбележување на револтот против најбруталната диктатура што Европа ја познава за половина век. Затоа, ние им оддаваме почит на луѓето од Ќаф Бар и Спач, двата најстрашни затвори, кои се осмелија да застанат и да се борат за својата слобода и права, давајќи ги своите животи. Тие го разбија митот за неповредливоста на криминалниот режим и покажаа дека не може да се биде вечен“, напиша Мета.