Платформа за нови пазари за македонската индустрија
За платформата преку Министерството за економија се планирани еден милион евра од третиот сет владини мерки, а за утре е закажан состанок со претставници од текстилната и чевларската индустрија, како и со претставници од стопанските комори, на која ќе се дискутира за развој на платформата. Идната недела, пак, за платформата ќе се разговара со претставници на индустријата за мебел и за ПВЦ производи.
Трет пакет економски мерки во вредност од 355 милиони евра
„Преку развивање дигитална платформа, овие компании ќе ја зголемат конкурентноста и ќе мождат да достигнат до нови пазари и нови потрошувачи. Веќе утре во Министерството за финансии имаме средба со претставниците на овие гранки, за да им ја претставиме мерката и за да ги преземеме понатаму потребните чекори за ставање на функција на оваа мерка“, рече министерката Ангеловска.