За седум денa, од 12 до 18 мај, пазарните инспектори затвориле 14 угостителски објекти, а за еден од нив со седиште во Струмица, како и за хостел во Скопје, поднеле и кривична пријава. Државниот пазарен инспекторат извршил 1.566 контроли, при што констатирал дека главно фирмите ги почитуваат уредбите на Владата, кои треба да го спречат ширењето на коронавирусот, изјави денеска претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска
Инспекторатот за труд направил 682 надзориа кај работодавци, а донел 15 решенија и 42 укажувања за фирми што не постапиле во согласност со препораките на Владата.
Рестораните ќе се отворат во вторник, ако така реши Комисијата
Агенцијата за храна и ветеринарство пак спровела 195 надзори во повеќе градови и разни видови субјекти, при што инспекторите изрекле 12 решенија поради неспроведување контрола на штетници и заштита од нив поради лоши хигиенски услови, а изречени се и осум казнени мерки едукација поради непримена на заштитните мерки за заштита од коронавирусот, неводење евиденција за хигиенска пракса и неправилно означување на производите.