Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, пред Комисијата за надворешни работи на Европскиот Парламент потврди дека извештаите за реформскиот напредок на земјите од Западниот Балкан се одлагаат за септември, но не и преговарачките рамки за Северна Македонија и Албанија.
Вархеји - ЕУ и Западен Балкан од кризата излегуваат со засилени односи
“Мојот фокус сега е повеќе на преговарачките рамки за двете земји, Северна Македонија и Албанија. И тоа што можам да го кажам е дека овие ќе бидат објавени во јуни. И мислам дека ова е клучен дел за да го задржиме моментот што се создаде, изјави Вархеји пред европратениците. Тој посочи дека тие ќе бидат придружени од проценка за реформскиот напредок.