Вооружени лица убиле 11 луѓе во два одвоени напада во Авганистан, соопштија денеска официјални претставници за најновото насилство што ја зафати земјата. Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Тарик Аријан изјави дека во првиот напад непознат број вооружени лица синоќа влегле во џамија во провинцијата Парван, северно од главниот град Кабул, при што загинале осуммина верници, додека неколку други биле ранети.
Во друг напад, кој исто така се случил синоќа, напаѓачите во источната провинција Кост нападнале семејство што се враќало од блиската џамија и притоа убиле тројца браќа, соопшти портпаролот. И во двата случаја напаѓачите избегале од местото на настанот.
САД: “Исламската држава” ја нападна болницата во Кабул
Никој не ја презеде одговорноста за нападите, а Талибанците веќе негираа некаква вмешаност. Милитантната екстремистичка група Исламска држава, која е сè поактивна во Авганистан откако претрпе загуби на бојното поле од владините и американските сили, како и од талибанските ривали, претходно изврши слични напади.
Вашингтон ја обвини Исламската држава за минатонеделниот ужасен напад врз породилиште во Кабул во кој загинаа 24 лица, меѓу кои и две бебиња.