Претседателот на САД Доналд Трамп се закани дека трајно ќе ја стопира американската финансиска поддршка за Светската здравствена организација (СЗО) доколку не се подобри во рок од 30 дена. Тој го обвини ова тело на Обединетите нации за непреземање соодветни мерки за справување со пандемијата на коронавирусот.