Рочиштата за предметот „Рекет”, закажани за 19 и 20 мај се одлoжуваат за 25 и 26 мај, соопшти денеска Основниот кривичен суд Скопје. На следното рочиште за „Рекет“ предвидено е завршни зборови да даваат обвинителството и одбраната.
„Заради интерес на медиумите и набљудувачите од невладините и меѓународните организации кои го следат судењето со КОК.бр. 116/19 во јавноста познат како „Рекет“, ја информираме јавноста дека по барање на Јавниот обвинител, продолжението на главната расправа насрочено за 19 – ти и 20 – ти мај 2020 година, се одлага“, соопшти Судот.
Јанева – „Рекет“ е монтиран да се уништи СЈО
За што ќе се расправаат партиите по коронавирусот?
Во случајот „Рекет“ се обвинети Бојан Јовановски - Боки 13 и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева. Обвинителството ги товари дека „изнудувале пари од бизнисменот Јордан Камчев во замена за олеснителни околности во случајот „Империја“ кој тогашното СЈО го водеше за него“. Во случајот веќе осуден на затворска казна е Зоран Милески - Кичеец.