Министерот за здравство Венко Филипче денеска објави дека за најизложените здравствени работници во борбата против Ковид-19 Владата предвидува награда од 20 отсто од основната плата за два месеци за секој од нив.
Трет пакет економски мерки во вредност од 355 милиони евра
„Благодарност за најизложените здравствени работници во борбата против Ковид-19. Владата предвидува награда од 20% од основната плата за 2 месеци за секој од нив. Тука се вклучени докторите и медицинскиот персонал на Клиниката за инфективни болести, инфективните одделенија, Инситутот за јавно здравје и Центрите за јавно здравје, како сите членови на тимовите од итна медицинска помош“, напиша денеска министрот Филипче на својот фејсбук профил.