Задолжувањето на ДИК да објави Роковник за продолжување на изборните дејствија ден по завршувањето на вонредната состојба е едно од спорните прашања за кои денеска ќе одлучуваат уставните судии. Уредба со законска сила за прашања поврзани со изборниот процес, како што е објавено на сајтот на Уставен суд е четврта точка на дневен ред. Вонредна состојба завршува в сабота на 16-ти мај. Владата се уште нема одлука дали ќе побара трето продолжување на вонредна состојба од претседателот Стево Пендаровски од 30 или помалку денови.
Заев: Следната недела ќе имаме датум за избори
Според лидерот на владејачката СДСМ Зоран Заев доколку нема продолжување на вонредната состојба, изборен ден би требало да биде 8-ми јуни, а се повикува на Уредбата на Владата од 22 март за прекин на подготовките на избори за 12 април и продолжување со изборните дејствија за уште 22 дена.